Видео (ВИДЕО) Кабул: Тројца убиени и 33 повредени при напад на британскиот конвој

(ВИДЕО) Кабул: Тројца убиени и 33 повредени при напад на британскиот конвој

Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците

Три лица загинаа, а 33 е повредени откако бомбаш-самоубиец нападна возило на битанската амбасада во авганистанскиот главен град Кабул.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Седик Седики, изјави дека во нападот се повредени 33 лица, а уништени се три возила.

Одговорноста за нападите ја презедоа талибанците, чиј портпарол соопшти дека бомбашот-самоубиец ги „нападнал странските окупаторски сили“.

Портпаролот на британската амбасада во Кабул, соопшти дека е во тек заедничка истрага на британските претставници со авганистанската полиција. Заменик-министерот за вантрешни работи, Ајуб Саланги, изјави дека бомбашот-самоубиец возел мотоцикл.