Ctrl - Z Венецуелски оркестар од 8.573 музичари со нов Гинисов рекорд за свирење на...

Венецуелски оркестар од 8.573 музичари со нов Гинисов рекорд за свирење на „Словенскиот Марш“ на Чајковски

Фото: Samuel Sianipar, Unsplash

Венецуелскиот Национален Систем за младински и детски оркестри познат како „Еl Sistema“ го постави новиот Гинисов рекорд за светски најголемиот окрестар што брои 8.573 музичари кои свират заедно, објави Ројтерс.

Во видеото кое беше објавено во саботата музичари на возраст од 12 па до 77 години се обединија заедно да ја отсвират пет минутната композиција ‘Словенски Марш’ на Чајковски. За да се добие новиот рекорд беше потребно да се надмине бројката од 8.097 музичари на рускиот оркестар кој го постави највисокиот рекорд во 2019 година.

Додека се снимало видеото биле поставени околу 250 музички супервизори да ги набљудуваат изведувачите. И покрај тоа, одговорот од Гинис не бил добиен веднаш. Условите бараат музичарите да свират истовремено без луѓе да проаѓаат или да си ги менуваат инструментите.

По десетина дена одлучување на судиите, Гинисовиот експерт Сузана Рејс објави дека „El Sistema“ успешно го постави новиот рекорд.