Свет Европа Велика Британија би останала без 128 милијарди евра со излегувањето од ЕУ

Велика Британија би останала без 128 милијарди евра со излегувањето од ЕУ

Излегувањето на Велика Британија од ЕУ би можело да предизвика „сериозен шок“ за економијата на таа земја, со ризик да се изгубат речиси еден милион работни места, се наведува во истражувањето на групацијата „Си-би-ај“ (CBI).

Во истражувањето се наведува дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ би можело да го чини Лондон 128 милијарди евра до 2020 година, што е пет отсто од домашниот бруто-производ.

– Резултатите од анализата јасно покажуваат зошто излегувањето од ЕУ би бил голем удар врз стандардот на граѓните, вработените и врз економскиот пораст. Дури и во најдобар случај, тоа би предизвикало шок за британската економија – изјави генералниот директор на „Си-би-ај“ , Керолин Ферберн.

Според ова истражување, би се изгубиле 950.000 работни места.

Референдумот за излегување или останување на Велика Британија во ЕУ ќе се одржи на 23 јуни.