Свет Европа Уште едно лице уапсено поради нападот во Манчестер

Уште едно лице уапсено поради нападот во Манчестер

Британската полиција уапси уште едно лице поради поврзаност со бомбашкиот напад во Манчестер, во кој убиени беа 22 лица, а повредени 60.

Во соопштението на полицијата се наведува дека 44-годишен маж е уапсен во Манчестер и се додава дека истрагата за нападот „брзо напредува“.

До сега во врска со нападот уапсени беа 11 лица, а две во меѓувреме се ослободени.

Во нападот кој се случи во понеделникот, по завршувањето на концертот на американската поп ѕвезда Ариана Гранде, загинаа 22 лица, вклучувајќи и деца. Напаѓачот е идентификуван како 22-годишниот Салман Абеди со либиско потелкло.