Свет Европа Украинските сили собориле ракета „кинжал“ над Кијив и 14 руски дронови

Украинските сили собориле ракета „кинжал“ над Кијив и 14 руски дронови

Биле нападнати повеќе од 100 населени места

Украинска единица за противвоздушна одбрана. Фото: ukrinform.net

Руските воздушни напади врз Украина не стивнуваат во однос на изминатите денови, но и украинските вооружени сили успешно возвраќаат, па така вчера попладнето Противвоздушната одбрана успешно соборила руска хиперсонична ракета „Кинжал“, односно Kh-47M2, над главниот град на Украина, Кијив, извести украинската државна новинска агенција ukrinform.net.

Руските агресорски сили истрелале три ракети Кинжал околу 14:15 часот од авиони над руска територија, насочувајќи ги кон Кијив и кон Старокостиантинив во регионот Хмелницки, при што во второто населено место пет минути подоцна се слушнале експлозии.

Дополнително, украинската противвоздушна одбрана ги соборила сите 14 руски јуришни дронови од иранско производство „Шахид“, што од руска територија биле лансирани кон украинските региони Миколаив, Херсон, Хмелницки и Полтава.

Рускиите сили извршиле и 50 авионски напади и 56 напади со повеќецевни ракетни лансери врз украински воени цели и врз населени места, при што има загинати и ранети цивили, како и оштетувања на куќи и згради и друга цивилна инфраструктура. Биле нападнати повеќе од 100 населени места. Во регионот Херсон еден цивил е убиен, а двајца се ранети.

Инаку, според Генералштабот на украинските вооружени сили, во изминатите 24 часа се случиле 110 битки на спротивставените страни.