Македонија Уапсен тинејџер од Шишево: Фрлил куче од мост, па се фалел на...

Уапсен тинејџер од Шишево: Фрлил куче од мост, па се фалел на интернет

Фото: Мета.мк

Полицијата на граничниот премин Табановце го уапси О.К.(18) од с. Шишево, општина Сарај, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека за него бил распишан централен распис од ЕВР Ѓорче Петров поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Тинејџерот бил спроведен во ЕВР Ѓорче Петров и во службен разговор признал дека го сторил делото, односно дека во текот на летото фрлил куче од мост во река и потоа објавил фотографии на социјалните мрежи.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.