Свет Уапсен главниот осомничен за бомбашкиот напад во Банкок

Уапсен главниот осомничен за бомбашкиот напад во Банкок

Тајландските власти уапсиле маж за кој се верува дека е главниот осомничен за бомбашкиот напад што пред две недели се случи во главниот град на земјата, а во кој загинаа 20 лица, соопштил премиерот на Тајланд, Прајут Чан-оча, јавуваат светските агенции.

Според премиерот Чан-оча, станува збор за странски државјанин кој бил уапсен во источниот дел на Тајланд, во провинцијата Са Каео, близу границата со Камбоџа. Тој го опишал уапсениот како главна личност во бомбашкиот напад, но не прецизирал дали осомничениот е и лицето што ја подметнало бомбата.

Минатата недела, тајландската полиција, во врска со бомбашкиот напад во храмот Ераван, уапси маж, исто така странски државјанин. При претрес на станот во кој престојувал, полицијата пронашла материјали за изработка на бомба и 10 пасоши.

Засега, тајландските власти не го откриваат идентитетот на осомничените.