Свет Балкан Турција ја забрани утрешната парада на гордоста во Истанбул

Турција ја забрани утрешната парада на гордоста во Истанбул

Истанбулските власти денеска соопштија дека нема да дозволат да се одржи парадата на гордоста, која беше закажана за утре, поради загриженоста за безбедноста на учесниците и на туристите, како и за јавниот ред и мир.

Ваквата одлука на градските власти предизвикаа негодување кај ЛГБТИ-активистите, кои преку социјалните мрежи најавија дека сепак ќе се одржи најавениот марш, кој треба да тргне од познатиот плоштад Таксим.

Властите на Истанбул соопштија дека тоа подрачје не е означено за демонстрации и дека организаторите не доставиле соодветна пријава за настанот. Тие, исто така, соопштија дека неколку организации презеле „сериозни реакции“ против маршот.

Во 2014 година, на парадата на гордоста во Истанбул учествуваа околу 100.000 лица, што истовремено беше еден од најголемите ЛГБТИ-собири во една муслиманска држава. Оттогаш турските власти не дозволуваат повторно да се одржи на парада на гордоста во Турција.