Свет Балкан Турција: Пилоти кои го соборија рускиот авион уапсени за учество во пучот

Турција: Пилоти кои го соборија рускиот авион уапсени за учество во пучот

Шефот на турската дипломатијата Мевлут Чавушоглу соопшти дека пилотите кои минатата година во ноември го соборија рускиот воен авион во Сирија се уапсени поради учество во обидот за воен удар во Турција, изведен на 15 јули.

– Пилотите се приведени заради нивното претпоставено учество во обидот за преврат од 15 јули, а не за инцидентот со соборувањето на авионот, изјави Чавушоглу.