Економија Туристичко-угостителската комора: Загадениот воздух и отпадот се огромни непријатели на туризмот

Туристичко-угостителската комора: Загадениот воздух и отпадот се огромни непријатели на туризмот

Претседателот на Туристичко-угостителската комора (ТУК) Владимир Граматиков зборувајќи за екологијата и туризмот на денешната прес-конференција во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), истакна дека потребна е стратешка акција на сите чинители во општеството за да се подобри сликата за екологијата во земјава.

„Главна тема посебно актуелна период е загадување на воздухот, а актуелен во текот на целата година е отпадот кој буквално го има насекаде, како во централните градски подрачја, така и во приградски средини, рурални и планински места. Екологијата е огромен непријател, а треба да биде пријател број еден на туризмот. Кога се работи за туризмот, тоа не е дозволиво. Нашето барање е сите ресорни институции, да превземат сериозни чекори кон подобрување на оваа ситуација. Бараме иницирање на кампања за подигнување на еколошката свест кај граѓаните и тоа: за фрлање на отпадоци онаму каде што им  е местото, собирање на изметот од милениците, чување на урбаната опрема и санкционирање на вандализмот“, изјави Граматиков и додаде дека Министерстовото за животна средина, комуналните претпријатија, локалните власти, треба да организираат долгорочни кампањи кои ке имаат реален ефект, понатаму да се воведат и инспекции, за да се казни несоодветно постапување.

Претседателот на НАИТМ, Влатко Сулев, ја најави претстојната Македонската туристичка берза, (12-13 декември 2019) модел кој се применува во развиените држави како можност сите чинители да се соберат на едно место, да разменат идеи и да се информираат за новитетите во индустријата.

Минатата година во земјава се регистрирани над еден милион туристи, со три  милиони ноќевања, а туризмот учествува со три проценти во БДП.