Свет Свет Туберкулоза и СИДА се водечки причини за смртност од заразни болести

Туберкулоза и СИДА се водечки причини за смртност од заразни болести

Бројот на починатите од туберкулоза првпат се приближи на статистиката на умрени од СИДА, која е водечка причина за заразни болести, наведува Светската здравствена организација (СЗО) во соопштението објавено вчера.

Во 2014 година, од туберкулоза (ТБЦ) во светот починале 1,1 милиони лица, а во истиот период од ХИВ/СИДА починале 1,2 милиони, меѓу нив и 400.000 заразени со ХИВ и со ТБЦ, наведува СЗО.

Извештајот покажува дека во последните десет години е постигнат одличен успех во терапијата за ХИВ, која им помогнала на многумина да ја преживеат инфекцијата.

– Добра вест е што од 2000 година лечењето спасило 43 милиони заболени од ТБЦ, а имајќи предвид дека мнозинството заболени можат успешно да се лечат, стапката на смртност е неприфатливо висока – вели д-р Марио Равиглионе, директор на програмата за ТБЦ на СЗО.