Главна секција Црна ги поплави иконостасот и фреските на манастирот „Пресвета Богородица“ во Новаци

Црна ги поплави иконостасот и фреските на манастирот „Пресвета Богородица“ во Новаци

Манастирската црква и конаците на „Пресвета Богородица“ во Новаци се метар и половина под вода. Опасноста е уште поголема ако се сруши насипот на Црна, тогаш водите сериозно ќе му наштетат на овој верски објект – предупредуваат од манастирот.

Отец Душко Груевски вели дека од синоќа иконостасот и фреските се под вода и направена е голема материјална штета.

– Во манастирот не се влегува. До гуша е сè под вода. Иконостасот е целосно поплавен, а фреските се зафатени во долниот дел. Сите предмети внатре се поплавени. Загубата е огромна, а опасноста е уште поголема бидејќи манастирот од целосно поплавување го штити само еден насип на Црна. До манстирот веќе не може да се оди, невозможно е – вели отец Груевски.
А.Б.