Дописници Царината заплени 35 литри алкохолни пијалаци без бандероли во Охрид и Струга

Царината заплени 35 литри алкохолни пијалаци без бандероли во Охрид и Струга

Мобилните тимови на Царинската управа при контрола на малопродажни и угостителски објекти на територијата на општините Охрид, Струга и Вевчани, откриле и заплениле алкохолни пијалаци без бандероли.

Од угостителски објекти во Охрид и Струга привремено биле задржани 26,2 литри ракија и вкупно 8,75 литри други алкохолни пијалоци, како узо, виски и амарето.

Сите привремено задржани алкохолни пијалоци не биле означени со контролни марки, ниту поседувале било каков сертификат за квалитет, а се нуделе на продажба.

Царинската управа апелира до граѓаните да бидат внимателни бидејќи конзумирањето неиспитани, потенцијално неисправни алкохолни пијалоци, неозначени со контролни марки претставува сериозен ризик по здравјето и животот на луѓето.