Видео Тројца убиени во вооружен напад во болница во САД

Тројца убиени во вооружен напад во болница во САД

Двајца цивили и еден полицаец се убиени кога вооружено лице отворило оган во клиника за планирање на семејство во градот Колорадо Спрингс во Соединетите Американски Држави, јавуваат светските медиуми.

Според информациите, уште девет лица биле повредени во престрелката која траела пет часа пред напаѓачот да ѝ се предаде на полицијата.

Поголем број луѓе, како што јавуваат медиумите, биле заробени во зградата на клиниката додека траела престрелката меѓу напаѓачот и полицијата.

Засега нема информации за мотивите за нападот. Осомничениот за нападот е идентификуван како Роберт Луис Диар, од сојузната држава Северна Каролина, но повеќе детали засега не се соопштуваат.

Градоначалникот нa Колорадо Спрингс, Џон Сатерс, на прес-конференција изразил сочувство до семејствата и до блиските на убиените и го оценил инцидентот како ужасна трагедија.

Од полиција соопштиле дека меѓу повредените лица се и петмина полициски службеници кои се хоспитализирани во локалните клиники.