Свет Свет Тројца поранешни директори на „Тепко“, обвинети за катастрофата во „Фукушима“

Тројца поранешни директори на „Тепко“, обвинети за катастрофата во „Фукушима“

Тројца поранешни извршни директори на јапонскиот енергетски гигант „Тепко“ и официјално се обвинети за небрежност во врска со катастрофата во нуклеарната централа „Фукушима“ во 2011 година, пренесува „Би-би-си“.

Тие ќе бидат првите на кои ќе им биде судено за несреќата во „Фукушима“, која претрпе големи оштетувања и топење на реакторите по силниот земјотрес во 2011 година, кој предзвика цунами и ја погоди нуклеарната централа.

Меѓу обвинетите, како што пренесува британскиот национален сервис, е и Цунехиса Кацумата, кој беше претседател на „Тепко“ во времето кога се случи катастрофата.

Тој и уште двајца поранешни директори се обвинети за службена небрежност, но не се задржани во притвор.

Земјотресот и цунамито што следуваше по него се случја во март 2011 година. Речиси 16.000 луѓе ги загубија животите во катастрофата, а околу 2.500 сè уште се водат како исчезнати.