Ctrl - Z КОВИД19 Тројца починати и 34 заразени со ковид-19

Тројца починати и 34 заразени со ковид-19

Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 223 тестови, а регистрирани се 34 нови случаи на КОВИД-19: Скопје– 26, Битола и Прилеп– по 2, Куманово, Охрид, Неготино и Свети Николе – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (34), регистрирани се 8 реинфекции.

Регистрирани сe 264 оздравени пациенти од: Скопје – 71, Охрид – 46, Делчево – 29, Куманово – 19, Битола – 10, Кавадарци и Струга – по 8, Кочани – 7, Прилеп, Тетово и Велес – по 6, Струмица, Крива Паланка и Пехчево – по 5, Берово, Валандово, Виница и Кратово – по 4, Дебар – 3, Штип, Гевгелија и Македонски Брод – по 2, Неготино, Свети Николе, Гостивар, Кичево, Пробиштип, Богданци, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се 3 починати лица, по едно лице од Скопје, Крушево и Дебар, на возраст од 79г-89г. Од нив две лица се починати во болнички услови а едно лице во домашни услови. Пријавените се починати во период од 10-29.08.2022

Направени се 223 тестови: ИЈЗ-17, ЦЈЗ Скопје-35, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-4, Авицена-6, Биотек-6, Систина-7, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-3, Генеа-0, Никоб Лаб-14, ВФВ Медикал-1, Ели Медика Плус-1, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 114.

Досега во земјата се направени вкупно 2.156.878 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.404, бројот на оздравени пациенти е 330.866, на починати е 9.506, а бројот на активни случаи изнесува 1.032