Подглавна секција Тројца американски маринци загинаа во хеликоптерска несреќа во Австралија

Тројца американски маринци загинаа во хеликоптерска несреќа во Австралија

За помалку од еден месец ова е втора фатална хеликоптерска несреќа за време на заеднички вежби во северна Австралија

Хеликоптерот „МВ-22Б Оспреј“ / U.S. Navy photo by Mass Communication Specialist 2nd Class Kelvin Edwards/Released, Public domain, via Wikimedia Commons

Тројца американски маринци загинаа, а 20 се повредени откако воен хеликоптер се урна за време на вежби во Австралија.

Хеликоптерот „МВ-22Б Оспреј“ паднал додека летал кон оддалечените острови Тиви северно од суверената територија Дарвин. Инцидентот се случил на островот Мелвил северно од главниот град на територијата.

За петмина од маринците се вели дека се во тешка состојба, пренесува Би-би-си.

Тие учествувале на „Трката на Предатори“ од која дел биле 2.500 војници од САД, Австралија, Филипините, Индонезија и Источен Тимор. Во леталото имало само американски персонал.

За помалку од еден месец ова е втора фатална хеликоптерска несреќа за време на заеднички вежби во северна Австралија.

Кон крајот на јули четворица австралиски војници беа прогласени за мртви откако нивниот хеликоптер се урнал во близина на брегот на Квинсленд додека учествувале на најголемата билатерална воена вежба меѓу Австралија и САД.