Свет Триесет убиени и десетици повредени во нападот на болницата во Кабул

Триесет убиени и десетици повредени во нападот на болницата во Кабул

Најмалку 30 лица се убиени, а десетици се повредени во нападот на воената болница во Кабул, која се наоѓа во непосредна близина на американската амбасада, соопшти авганистанското министерство за одбрана.

Напаѓачите влегле во болницата облечени во лекарски униформи по експлозијата и пукањето. Воената болница има 400 легла и се наоѓа покрај две цивилни болници.

Авганистанските командоси убиле четворица напаѓачи.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани го осуди нападот за време на говорот по повод Меѓународниот ден на жената.

– Ова е напад на авганистанскиот народ и на авганистанските жени – рече Гани.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.