Дописници Трибина на МОСТ за еколошките прашања во Струга

Трибина на МОСТ за еколошките прашања во Струга

Во рамките на проектот „Мобилен парламент“, граѓанската асоцијација МОСТ, денеска во 18 часот, во хотелот „Дрим“ во Струга, организира јавна средба на тема „Пратениците и граѓаните отворено за еколошките прашања во Струга“.

Проектот „Мобилен парламент“ е реализиран од граѓанската асоцијација МОСТ, а е поддржан од Европската унија (ЕУ), преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права.

Целта е, како што соопштија организаторите, преку директна комуникација со избраните претставници, отворено да се разговара за овие прашања со оглед на фактот дека ги засегаат сите граѓани на Струга.

Загадувањето на животната средина од локалната депонија негативно влијае и на здравјето на граѓаните, како и на економскиот развој и на туризмот во регионот. Дополнително загрижувачки се и последните информации за загадената вода за пиење.

Дебатата е јавна и на неа можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани. Ќе говорат пратениците, а поканети се и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, претставници од локалната самоуправа, како и претставници на невладиниот сектор.