Економија Три државни компании должат повеќе од 10 милиони евра за неплатени даноци

Три државни компании должат повеќе од 10 милиони евра за неплатени даноци

Најновата листа на должници што ја објави Управата за јавни приходи покажува дека три државни компании должат повеќе од 10 милиони евра за неплатени даноци.

„Македонска радио-телевизија“ должи околу 73 милиони денари или 1,1 милион евра, „Македонија пат“ должи 433 милиони денари или околу 7 милиони евра, а „Македонски шуми“ должи околу 253 милиони денари или околу 4,1 милиони евра.