Свет Свет Трамп потпиша указ со кој во САД се забранува влез на државјани...

Трамп потпиша указ со кој во САД се забранува влез на државјани од седум муслимански земји

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со кој се забранува влез на државјани од седум муслимански земји: Ирак, Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен.

При потпишувањето на указот, Трамп изјавил дека неговата администрација сака поригорозен надзор над бегалците и над посетителите од одредени земји за да се спречи терористички напад.

Тој додаде дека САД сакаат да ги примат само тие луѓе што ја поддржуваат нивната земја и кои длабоко го почитуваат американскиот народ.