Свет Трамп победи во Јужна Каролина, Клинтон во Невада на предизборите за претседател...

Трамп победи во Јужна Каролина, Клинтон во Невада на предизборите за претседател на САД

Доналд Трамп од редовите на Републиканската партија и кандидката од таборот на демокатите, Хилари Клинтон, однесоа победи во предизборните трки за претседател на САД, во сојузните држави Јужна Каролина, односно Невада.

Со победата во Јужна Каролина, која е втора по ред за Трамп, по таа во Њу Хемпишр, милионерот ја зацврсти својата позиција како најсериозен републикански кандидат за претстојните избори за претседател.

Во натпреварот на двајцата кандидати на демократите во Невада, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон освои тесна победа пред сенаторот на Вермонт, Берни Сандерс.

Како што пренесуваат медиумите, станува збор за важна победа на Клинтон во Невада, по дебаклот што го доживеа во Њу Хемпшир, кога загуби убедливо од Сандрес.

Според анализите на медиумите, двата последни резултати од гласењата во Јужна Каролина и во Невада ќе играат клучна улога во престрет на т.н. „супер вторничка рунда“, на 1 март, кога треба да се изјаснат гласачите во неколку сојузни држави, околу нивниот избор за кандидат за претседател.