Свет Трамп испрати покани за победничка забава

Трамп испрати покани за победничка забава

Забава во чест на победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД ќе се одржи во хотелот „Хилтон мидтаун“, а за прославата веќе се испратени покани.

Од предизборниот штаб на кандидатот на САД од Републиканската партија, Доналд Трамп, се уверени во победата и веќе испратиле покани за победничка забава.

Во поканите се наведува дека забавата ќе биде одржана во Њујорк, во хотелот „Хилтон мидтаун“, на 8 ноември, ноќта по изборите.

Притоа од штабот информираат дека на забавата се поканети „само пријатели и тие што ја поддржувале кампањата за Трамп“.