Економија „Тошиба“ ќе отпушти 7.000 работници

„Тошиба“ ќе отпушти 7.000 работници

Јапонската корпорација „Тошиба“ има намера да укине од 6.000 до 7.000 работни места во обид да ја реструктуира компанијата, пишува јапонскиот весник за бизнис „Никеи“.

Најголем број откази ќе бидат доделени во секторот за апарати за домаќинство.

Компанијата, исто така, планира драстично да го намали обемот на производство во фабриката „Оме“ во Токио, во која се произведуваат телевизори и компјутери, а се размислува и за целосно запирање на развојот на нови телевизори.

Извршниот директор на „Тошиба“, Хисао Танака, и други раководни лица во компанијата поднесоа оставки во јули, по избивањето на скандал најголем во последните неколку години.

Независната истрага покажа дека компанијата со години ги лажирала податоците за профит и за губиток.

Од почетокот на годината, на акциите на „Тошиба“ им се намали вредноста за 43 проценти.