Свет Терористички напад кај сирискиот град Ал Баб, 29 загинати

Терористички напад кај сирискиот град Ал Баб, 29 загинати

Најмалку 29 луѓе загинаа во самоубиствен напад со автомобил бомба во близина на северниот сириски град Ал Баб.

Нападот доаѓа еден ден откако бунтовниците поддржани од Турција соопштија дека имаат целосна контрола врз градот.

Светските агенции јавуваат дека во нападот, за кој сè уште никој не ја презел одговорноста, има многу повредени.