Свет Европа Терорист уби две жени на железничка станица во Марсеј

Терорист уби две жени на железничка станица во Марсеј

Две жени денеска беа убиени со нож од напаѓач кој на железничката станица во Марсеј извикувал „Алах е голем“. Тој потоа бил погоден и убиен од војниците кои интервенирале.

Полицијата вели дека според досегашните сознанија, станува збор за терористички напад.

Во моментов кај станицата и пошироко се спроведува голема безбедносна операција.

Марсеј во август искуси два слични напади, а во изминативе две години имаше десетици жртви во терористички напади.

Сличен напад вчеравечер се случил во канадскиот град Едмонтон.