Свет Тел Авив: Еден убиен и десет повредени во напад со нож

Тел Авив: Еден убиен и десет повредени во напад со нож

Американски турист е убиен, а 10 лица се повредени во Тел Авив, откако маж ги нападнал со нож.

Како што јавуваат израелските медиуми, повеќето од повредените се во тешка здравствена состојба.

Напаѓачот прво прободел најмалку три лица во близина на пристаништето во предградието Џафа, а потоа трчајќи по булеварот, почнал да боде и други лица.