среда, 17 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: загина | 13 резултати

Двајца мртви, во центарот на Белград се сруши ѕид при изградба

август 29, 2018

На градилиште кое се наоѓа меѓу Сараевската улица и улицата Кнез Милош во самиот центар на Белград се сруши ѕид и затрупа најмалку две лица. Се срушил ѕид од зграда која се прави на местото на некогашната амбасада на САД. Според неофицијалните информации во оваа несреќа има дека има уште затрупани. Операцијата за спасување е […]

Во Драмски театар денеска комеморација за Ванчо Петрушевски

август 27, 2018

Комеморација за актерот Ванчо Петрушевски, кој завчера загина од струен удар во скопското село Орешани, ќе се одржи денеска во 10 часот во Драмскиот театар Скопје. Според извештајот од полицијата, Петрушевски станал жртва на струен удар додека качен на метална скала работел со електричен заварувач на пластични цевки во неговата викендичка. „Џинот од македонската актерска […]

Во сообраќајка загина Зоран Стефановски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија

ноември 6, 2017

Во сообраќајна незгода што се случила ноќеска во Скопје, загина Зоран Стефановски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија. Според полицијата, несреќата се случила околу еден часот по полноќ, кога Стефановски, кој управувал возило „рено меган“ со прилепски регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во сообраќаен знак и рекламен билборд на крстосницата од булеварот Александар […]

Во експлозија во Крагујевац загина едно лице, а по три сè уште се трага

март 1, 2017

Српскиот министер за одбрана, Зоран Ѓорѓевиќ, оцени дека постои опасност од нови експлозии во Техничко-ремонтниот завод во Крагујевац, каде вчера загина едно лице, а 25 припадници на српската војска се повредени при гаснењето на пожарот. Српските медиуми јавуваат дека група од 74 работници се безбедно евакуирани. Министерот формираше комисија која ќе ги истражи причините за […]

Македонка загина во терористички напад на Брегот на Слоновата Коска

март 15, 2016

Mакедонската државјанка Анита Андреевска-Митровска е една од жртвите во терористичкиот напад во предградието на главниот град на Брегот на Слоновата Коска, Абиџан, потврдија од Обединетите нации. „Мисијата на ОН на Брегот на Слоновата Коска и програмата на ОН за волонтери со жалење известува за смртта на волонтерката на ОН која служеше како цивилен персонал во инженерската […]

Тел Авив: Еден убиен и десет повредени во напад со нож

март 8, 2016

Американски турист е убиен, а 10 лица се повредени во Тел Авив, откако маж ги нападнал со нож. Како што јавуваат израелските медиуми, повеќето од повредените се во тешка здравствена состојба. Напаѓачот прво прободел најмалку три лица во близина на пристаништето во предградието Џафа, а потоа трчајќи по булеварот, почнал да боде и други лица.

Одбележана годишнина од смртта на Трајковски пред спортскиот центар

февруари 26, 2016

По повод 12-годишнината од трагичната смрт на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, денеска пред споменикот поставен во негова чест, пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се оддржа пригодно чествување. Свежо цвеќе пред спомен-обележјето положи директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и претставникот на Сојузот на спортски федерации на Македонија, Борче […]

Почина велосипедистот кој настрада во сообраќајка во Скопје

септември 26, 2015

Почина велосипедистот кој вчера попладне беше прегазен на крстосницата на булеварот Партизански одреди со улицата Френклин Рузвелт. Шеесет и четиригодишниот скопјанец Нинослав С. го загуби животот откако во него удрил автомобил „ауди“, управуван од 20-годишниот Е.Т. од Скопје. Тој со Итна помош беше пренесен во Ургентниот центар, каде им подлегнал на повредите. Откако Е.Т. удрил […]

Уште еден Косовец загина во Сирија

ноември 30, 2014

Уште еден Албанец од Косово е убиен на боиштата во Сирија. Косовецот Бурим Демоли од Коловица, кај Приштина, бил припадник на џихадистите на Исламската држава, а во Сирија заминал со сопругата и со четирите деца. За нив засега нема никакви информации. Според неофицијалните информации, досега во Сирија и во Ирак се убиени околу 60 Албанци од […]

Страна 1 од 1