Македонија Таравари победи во Гостивар, кандидатите на ДУИ станаа градоначалници во Кичево и...

Таравари победи во Гостивар, кандидатите на ДУИ станаа градоначалници во Кичево и Струга

Фото: Мета.мк

Кандидатот на Алијанса на Албанците и Алтернатива, Арбен Таравари победи во вториот круг од изборите во Гостивар, додека кандидатите на ДУИ во Кичево и Струга се пред победа за градоначалничките места во овие два места.

Досегашниот градоначалник на Гостивар Таравари прогласи победа. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), на пребројани 99,89 отсто од гласовите, Арбен Таравари освоил 18.664 гласови (57,79 отсто), додека противкандидатот на ДУИ Невзат Бејта добил 12.943 гласови (40,07 отсто).

Во Струга, на преброени 88,32 отсто од гласовите, Рамис Мерко од ДУИ освои 12.076 гласови (51,86 отсто), додека Идри Истрефи од Алијанса на Албанците и Алтернатива ја доби довербата на 10.322 гласачи (44,33 отсто).

Во општина Кичево, досега се преброени 84,14 отсто од гласовите, Фатмир Дехари од ДУИ освои 10.843 гласови (52,82 отсто), додека Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ доби 9.147 гласови (44,56 отсто). Кандидатот Дехари вечерва прогласи победа.