Свет Талибанците ослободиле 350 лица од затвор во Авганистан

Талибанците ослободиле 350 лица од затвор во Авганистан

Талибанските милитанти убиле најмалку четири полицајци и ослободиле повеќе од 350 затвореници во напад на затвор во близина на авганистанскиот град Газни.

Заменик-гувернерот на провинцијата Газни, Мохамед Али Ахмади, рече дека еден од милитантите кренал во воздух затвор, по што други провалиле и ги отвориле затворските ќелии. Тој додаде дека напаѓачите биле добро организирани и носеле униформи.

Според податоците на Ахмади, во нападот се повредени седум полицајци, а во затворот останале уште 80 затвореници, Тој додаде дека повеќето затвореници се талибанци и оти напаѓачите, веројатно, имале и помошник однатре.

Талибанците го потврдија денешниот напад и погубувањето на тројца милитанти.