Македонија Тачи: Македонија да остане на патот кон Европа и НАТО

Тачи: Македонија да остане на патот кон Европа и НАТО

ДПА ќе продолжи да дава придонес во овие критични моменти Македонија да не го напушти патот кон Европа и НАТО, изјавил лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со тројцата европратеници, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан.

– Жал ми е што и пред европратениците и пред јавноста денеска уште еднаш се потврди мојата скептичност од пред осум месеци кога реков дека не забележувам сериозност кај трите политички актери што моментно ја сочинуваат владејачката структура за да се имплементира политичкиот договор. Денеска сме при крај на времето, ни се бројат часовите. Јас и на европратениците и на сите претставници на меѓународната заедница им реков дека ќе продолжиме да го даваме нашиот придонес во овие критични моменти Македонија да не го напушти патот кон Европа и кон НАТО – изјави Тачи.