Свет Балкан Судири на демонстранти и полицијата на протестот во Атина против вакцинација на...

Судири на демонстранти и полицијата на протестот во Атина против вакцинација на медицинарите

Група млади демонстранти се судрија со полицијата на протестот против задолжителната вакцинација на медицинските лица во Атина. Фото: Screenshot од видео на Twitter@poll64376196

Големиот протест вчера вечер што се одржа во Атина мина во знакот на судири на некои демонстранти со полицијата, при што се користеше и солзавец. Околу 7.000 луѓе се собраа вчера во центарот на главниот град на Грција за да протестираат против задолжителната вакцинација против ковид-19 на здравствените работници. Од среда, оние здравствени работници што не се вакцинирани барем еднаш, ќе бидат суспендирани.

Демонстрантите носеа национални знамиња и транспаренти „Ние не сме против вакцините, но ние сме против фашизмот“ или „Да живее демократијата“.

На крајот на протестот, група млади почнаа да фрлаат со шишиња, петарди и молотови коктели кон полицијата. Полицијата одговори со солзавец, шок бомби и водени топови.

 

Вчера Грција регистрираше речиси 1.600 нови случаи на ковид-19. Земјата има 10,36 милиони жители.