Свет Стапи на сила примирјето во Сирија

Стапи на сила примирјето во Сирија

Денеска стапи на сила примирјето во Сирија. Набљудувачката мисија на Обединетите нации забележала само еден инцидент во Западна Сирија.

Прекинот беше договорен од САД и од Русија и ќе биде набљудуван од тие две земји преку центрите во Латакиа, Вашингтон, Москва, Аман и во Женева.

Од договорот за примирје исклучени се исламистичките групи Фронтот Ал нусра и Исламска држава, што предизвикува сомнеж во одржливоста на примирјето.

Договорот за прекин на судирите почна денеска да се спроведува во Сирија, со, како што се јавува, мали прекршувања во првите часови.