Свет Стапи на сила забраната за патување на Американци во Северна Кореја

Стапи на сила забраната за патување на Американци во Северна Кореја

Стапи на сила забраната за американските државјани да патуваат во Северна Кореја. Властите соопштија дека граѓаните може да бараат исклучоци, но дека малку од нив ќе добијат.

Забраната за патување во јули ја најави државниот секретар, Рекс Тилерсон, по смртта на американскиот студент Отоа Вармбир, осуден во Северна Кореја затоа што украл пропаганден плакат.

Американците кои имаат оправдана причина да патуваат во Северна Кореја и понатаму може да одат, но под „исклучиво ограничени“ околности, соопшти Стејт департментот, додавајќи дека тие државјани мораат да докажат дека нивниот пат е во национален интерес на САД.