Дигитални права Средба меѓу вицепремиерката Грковска и новата амбасадорка на Грција, Софија Филипиду

Средба меѓу вицепремиерката Грковска и новата амбасадорка на Грција, Софија Филипиду

Фото: Влада на РСМ

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду. Грковска ја информираше Филипиду за работењето на Кабинетот и за клучните процеси кои се темелат на три столба и тоа: дигиталната трансформација на општеството, антикорупциски политики како и градењето на професионални, транспарентни, одговорни и отчетни институции.

„На состанокот се разговараше и за интензивирање и продлабочување на меѓусебната соработка, но и размена на искуствата и знаењата во областа на дигиталната трансформација на општеството и креирањето на антикорупциските политики“, наведено е во соопштението од кабинетот на Грковска.

Амбасадорката Филипиду истакнала дека дигиталната трансформација на општеството е многу важен за успешно справување со корупцијата, но и за унапредување на ефикасноста на институциите.

Двете соговорнички разговарале за можноста за размена на искуства меѓу двете земји, како во поглед на процесите на дигитална трансформација, но и во однос на механизмите за спречување и откривање на финансискиот криминал.