Главна секција Спасовски не ги коментира шпекулациите за полициска помош при бегството на Игор...

Спасовски не ги коментира шпекулациите за полициска помош при бегството на Игор Спасов

Неофицијалните информации дека на специјалецот Игор Спасов му помогнале поранешни колеги – полицајци при бегството преку диви гранични премини, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги оцени како шпекулации.

Шпекулациите не се основа за одлуките на органите, рече Спасoвски при денешната посета на Валандово.

-Слушаме за многу настани, многу работи, има разноразни шпекулации, меѓутоа ние, полицијата, односно истражните органи, не смеат да си дозволат да ги темелат своите одлуки на основа на шпекулации, туку на ниво на докази. Јас навистина сум задоволен што конечно Јавното обвинителство во Штип отвори истрага и затоа јас повикував дека треба да се отвори таа истрага и да видиме кој сè е вклучен во тој процес – рече министерот за внатрешни работи.

Целта, според Спасовски, на крајот е да се утврди одговорност и да се покаже дека има казнивост за тоа што го сториле и да се влијае превентивно и на сите идни случувања.

Бегството на затвореникот Игор Спасовски, осуденик за убиството на Мартин Нешковски, отвори многу прашања. Пред сè, за тоа кој преку своето дејствување придонел специјалецот да избега од државата.

Основно јавно обвинителство од Штип отвори истрага по допрен глас, што треба да ја покаже улогата на лекарите, судските вештаци, но и судиите кои одлучувале за прекин на казната на Игор Спасов. Евентуалната одоговорност на судиите задолжени за овој случај ќе ја испитува и Судскиот совет, за што има отворено предмет.