fbpx
Таг: Игор Спасов

таг: Игор Спасов

Бугарија го екстрадираше Игор Спасов во земјава

Бугарските органи денеска го екстрадираа Игор Спасов во земјава. Министерството за правда попладневно информираше дека властите од соседната земја позитивно одговориле на барањето на македонското Министерство за правда за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во Северна Македонија. Властите од Бугарија денеска го екстрадираа лицето до граничниот премин „Деве Баир“, од каде македонското МВР го спроведе во скопскиот затвор...

Бугарскиот амбасадор не знае дали Игор Спасов има бугарско државјанство, ќе поминат месеци за екстрадиција

Амбасадорот на Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов, при денешниот престој во Штип кажа дека не знае дали Игор Спасов, кој се бара за доиздржување на казната затвор за убиство, има бугарско државјанство. Амбасадорот потврди дека почната е постпката за негова екстрадиција, но предупреди дека ќе треба време. „Како што знаете, покрај тоа што се вклучени министерствата за внатрешни работи, тука...

Министерството за правда побара екстрадиција на Игор Спасов

Министерството за правда побара екстрадиција на Игор Спасов, кој бугарската полиција го уапси во Софија минатата недела. „Во текот на вчерашниот ден, по комплетирањето на документацијата, барањето е испратено до бугарските власти кои понатаму ќе постапуваат по истото. Барањето за екстрадиција го потпиша министерот за правда Бојан Маричиќ“ велат од Министерството за правда. Спасов беше уапсен во софиската населба „Младост“ на...

По повеќе од една година во бегство, во Софија е уапсен Игор Спасов, осудениот за убиство на Мартин Нешкоски

Бугарската полиција го уапсила во Софија Игор Спасов, осудениот за убиство на Мартин Нешкоски, објави Бугарското национално радио (БНР). Како што јавува радиото, Спасов бил уапсен софиската населба „Младост“, а бугарската полиција го нашла по претходна дојава. Според информации од Бугарското национално радио „Хоризонт“, Спасов не се спротивставил на апсењето. Уапсениот поранешен специјалец на МВР Игор Спасов има затвроска пресуда од...

Спасовски не ги коментира шпекулациите за полициска помош при бегството на Игор Спасов

Неофицијалните информации дека на специјалецот Игор Спасов му помогнале поранешни колеги – полицајци при бегството преку диви гранични премини, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги оцени како шпекулации. Шпекулациите не се основа за одлуките на органите, рече Спасoвски при денешната посета на Валандово. -Слушаме за многу настани, многу работи, има разноразни шпекулации, меѓутоа ние, полицијата, односно истражните органи, не смеат...

Штипското обвинителство отвори предистрага за бегството на Игор Спасов од затвор

Основното јавно обвинителство од Штип по допрен глас ќе испитува како се случи специјалецот Игор Спасов да избега и да биде недостапен на органите на прогон, вклучувајќи го ѝ затворот „Идризово“, каде што издржува 14 - годишна затворска казна за убиството на Мартин Нешковски во центарот на Скопје. - Предметот е во фаза на предистрага, оформен по допрен глас и...

Спасовски: Одговорот за бегството на Игор Спасов е кај обвинителот и судијата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска порача дека клучниот фактор за бегството на Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешковски, е одговорот од обвинителот и судијата, врз основа на кои проценки е дозволено да му се направи прекин со судска одлука на издржувањето на казна затвор. Одговарајќи на новинарско прашање како побегнал и каде е Игор Спасов, министерот за внатрешни...

Основен суд Штип: Игор Спасов доби отпуст врз основа на медицинска документација

Специјалецот Игор Спасов, осуден за убиство на Мартин Нешковски, кој се бара по меѓународна потерница, добил условен отпуст по претходно прибавено мислење од страна на ОЈО, како и врз основа на соодветна медицинска документација во оригинал издадена од стручни медицински лица. Дополнително, и врз основа на искази на вешти лица од областа на медицината и известување од установата каде...

Шест години по убиството на Нешковски, обидот за прикривање уште актуелен

Денеска е шестгодишнината од протестите против полициската бруталност што избувнаа по убиството на Мартин Нешковски вечерта на 5 јуни 2011 година, за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ. Специјалното јавно обвинителство на почетокот на минатата година го презеде во своја надлежност случајот за убиството на Нешковски, кој, како што информираат оттаму, сè уште е во предистражна постапка. Инаку, полицаецот Игор...

Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски, на распит во СЈО

Додека новинарите го чекаат лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да излезе од Специјалното јавно обвинителство, оттаму со силно полициско обезбедување беше изнесен поранешниот припадник на специјалните полициски единици, Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски. Пред да излезе од СЈО, неколкумина полицијаци ги замолија новинарите да направат простор бидејќи треба да изнесат едно лице. Меѓу новинарите настана чудење за...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...