Македонија Сончево време со температура до 38 степени

Сончево време со температура до 38 степени

Во Македонија денеска времето ќе биде сончево и топло, а попладне со мала до умерена локална облачност. Во западните планински делови попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и на грмежи.

Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. УВ-индексот ќе биде 8.

Максималната температура ќе се движи од 28 Целзиусови степени на крајниот запад на земјата, 33 степени во Охридско-струшкиот Регион, 35 степени во Пелагонија, 32 степени во Малешевијата, 34 степени на крајниот североисток, а највисоката температура ќе биде измерена во Тиквешијата и во Демир Капија, до 38 степени.

Во Скопје и на крајниот југоисток живата во термометрите ќе се искачи најмногу до 37 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде без позначителни промени, а максималната температура ќе биде меѓу 32 и 38 Целзиусови степени. Од среда се очекува пораст на температурата, која на некои места ќе надмине 40 Целзиусов степени.