Македонија Сончево и топло време со температура до 28 степени

Сончево и топло време со температура до 28 степени

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, со мала до умерена облачност и со слаб претежно северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 1 до 8 Целзиусови степени, а дневната од 23 до 28 степени.

Во Скопје се очекува слично време со температура од 6 до 26 Целзиусови степени.

До недела ќе се задржи стабилно, суво и топло време со натпросечна дневна температура. Од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, повремено пообилни.