Македонија Сончево и топло време, попладне локално со дожд и со грмежи

Сончево и топло време, попладне локално со дожд и со грмежи

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност, а попладне во планинските подрачја ќе има ретка појава на дожд и на грмежи. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 32 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 38 Целзиусови степени.