Македонија Собраниската комисија за европски прашања ќе расправа за планот „3-6-9“ на Владата

Собраниската комисија за европски прашања ќе расправа за планот „3-6-9“ на Владата

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска ќе го претстават планот „3-6-9“ пред Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија.

Седницата на Комисијата е закажана за 12.30 часот и на неа со свои ставови околу владиниот план за реформите неопходни за напредок на земјата кон евроатлантските интеграции, ќе се произнесат и политичките партии во парламентот.

На седницата, покрај премиерот Заев и вицепремиерот, свои обраќања ќе имаат претседателот на Собранието, Талат Џафери, и претседателот на собраниската комисија за европски прашања, Артан Груби.

Свои излагања, се додава во најавата за седницата, ќе имаат координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томилсав Тунтев, координаторот на една до десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, Зекирија Ибраими од Беса и претставник на невладиниот сектор.