Свет Силна експлозија во Банкок, петмина загинати и 20 повредени

Силна експлозија во Банкок, петмина загинати и 20 повредени

Пет лица загинале, а околу 20 се повредени во голема експлозија која денеска одекнала во близина на верски храм во главниот град на Тајланд, Банкок, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на извештаите на локалните медиуми.

Репортерот на „Би-Би-Си“, од местото на настанот јавува дека во областа Чилдом каде се случила експлозијата владее хаос, а делови од човечки тела можеле да се забележат на сите страни.