Видео Силен земјотрес го погоди Еквадор, загинаа 77 лица

Силен земјотрес го погоди Еквадор, загинаа 77 лица

Најмалку 77 лица загинаа, а 588 се повредени во силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, што го погоди Еквадор.

Според податоците на американскиот геолошки завод, епицентарот на земјотресот, кој е најсилен од 1979 година, се наоѓал 27 километри источно од Мусинеа, место кое е популарно меѓу туристите.

Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа, прогласи вонредна состојба и апелираше до жителите да не создаваат паника.

Голем број луѓе се затрупани под урнатините, а по земјотресот се случиле и голем број грабежи. Властите наведуваат дека бројот на загинати ќе се зголемува и дека материјалната штета е голема.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами, предупредил на можни големи бранови на некои крајбрежја, но властите не издале предупредувања од можност за појава на цунами.