Свет Силен земјотерс во Индонезија, постои опасност од цунами

Силен земјотерс во Индонезија, постои опасност од цунами

Земјотрес со јачина од 7,9 степени по Рихтеровата скала го погоди брегот на Индонезија, а засега нема извештај за повредени лица и за причинета штета.

Институциите прогласија опасност од цунами.

Тектонското нарушување се случило на југозападниот остров Суматра, на длабочина од 10 километри и на 808 километри оддалеченост од градот Паданга.

Најпрво е регистриран потрес со јачина 8,2 степени, а потоа е утврдено дека силината на земјотресот е 0,3 степени помала.

Пред 12 години, земјотрес со јачина од 9,1 степени според Рихтеровата скала го погоди северозападниот брег на Суматра и предизвика цунами во кое настрадаа 230.000 луѓе.