Ctrl - Z „Шорткат“ ја носи приказната за тројца млади што ја изработија апликацијата „Најди...

„Шорткат“ ја носи приказната за тројца млади што ја изработија апликацијата „Најди Аптека“

Во вечерашната епизода на „Шорткат“ ја третираме приказната за тројца млади таленти што ја изработија веб-апликацијата „Најди Аптека“, која на граѓаните може да им заштеди време и пари при пребарувањето лекови во аптеките.

Во 77-тото издание на вестите за млади информираме за барањето на Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) да се намали обемот на материјал за полагање на државна матура.

Во „Шорткат“ ќе може да погледнете како изгледа првата градска биотехнолошка лабораторија во Скопје, која е лоцирана во средното училиште „Марија Кири Склодовска“. Информираме и за предлог-законот на Средношколскиот сојуз со кој се бара на сите средношколци да им се овозможи користењето на бесплатниот јавен превоз.

Во новата епизода известуваме и за кучето Боркица кое ги изгуби двете нозе поради физичкото насилство и која од скопската населба Бутел си најде нов дом кај хумана активистка во Велика Британија. Во „Шорткат“ ве потсетуваме и за објавениот видео-конкурс на темата „Образованието во фокус, крени глас за проблемите на час“, како и за филмовите кои ги добија Оскарите годинава.