Македонија Шалом: Со Заев не разговаравме за безбедносни или финансиски прашања

Шалом: Со Заев не разговаравме за безбедносни или финансиски прашања

Министерот за внатрешни работи и вицепремиер на Израел, Силван Шалом, имал куса и куртоазна средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за време на неговата посета на земјата, било наведено во соопштение од кабинетот на министерот, објави телевизијата „Телма“.

Во соопштението, кое го пренел израелскиот амбасадор во Македонија, Дан Орјан, било нагласено дека на средбата не било разговарано за какви било безбедносни или финансиски прашања, туку тема биле општи прашања, особено околу потребите за подобрување на односите меѓу Израел и Македонија.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, претходно изјави дека на средбите со претставници на израелските владини служби, меѓу другото, било разговарано и за провизиите од Израел за македонски политичари при купувањето опрема за прислушување, но не сакаше да соопшти детали.