Свет Балкан Сфетас: Договорено е дека Словените немаат никаква врска со античките Македонци

Сфетас: Договорено е дека Словените немаат никаква врска со античките Македонци

Постигнат е договор за неколку важни историски прашања меѓу Скопје и Атина, меѓу кои е ставот дека Македонците како Словени немаат никаква врска со античките Македонци, дека античката македонска историја и култура се дел од античката грчка култура што имала влијание врз светската култура. Тоа за грчкиот весник „Етнос” го кажува Спиридон Сфетас, член на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, пренесува МКД.мк.

Сфетас вели дека не гледа негативно на предлогот на македонската страна да се земе предвид дека дел од денешна Северна Македонија припаѓа на историска Македонија од антиката. Појаснува дека македонскиот тим прифатил, во поглед на византискиот период, дека Словените не го зеле името Македонци од античките Македонци, и дека термините Македонци и Словени не биле идентични во средниот век.