Свет Седум загинати во експлозијата во Могадишу

Седум загинати во експлозијата во Могадишу

Најмалку седум лица загинаа во двете експлозии што одекнаа на главниот влез на аеродромот во Могадишу, соопшти сомалиската полиција.

Како што јавува „Би-би-си“, над тоа подрачје, каде се наоѓа и базата на мировните сили на Африканската унија се издигнува густ чад.

Локалните медиуми јавуваат дека барем една од бомбите ја активирал бомбаш самоубиец во возило, во близина на контролниот пункт на аеродромот.