Главна секција Се зголемува бројот на жртви по земјотресот во Италија

Се зголемува бројот на жртви по земјотресот во Италија

Бројот на загинати во земјотресот што го погоди централниот дел на Италија се зголеми на 38 лица, но новиот биланс на настрадни не е конечен, пренесуваат светските медиуми.

– Моето место повеќе не постои, слушаме гласови под урнатините. Мостот што е во градот може да се урне – изјави градоначалникот на Аматриче, Серџо Пироци.

Службите за спасување не можат да ја потврдат бројката на жртвите бидејќи акцијата за спасување сè уште трае.

Италијанскиот премиер Матео Ренци денеска ќе го посети погодениот регион и изјави дека „време е за плачење, но и за дејствување“.

Централниот дел на Италија утринава го погоди силен земјотрес со јачина 6,2 степени според Рихтеровата скала.