Главна секција Се расчистува просторот кај народната канцеларија на Иванов

Се расчистува просторот кај народната канцеларија на Иванов

Десетина работници денеска го расчистуваат просторот околу народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во центарот на градот, која беше демолирана на вчерашните протести.

Екипите го собираат стаклото од тротоарот и ја расчистуваат внатрешноста на канцеларијата.

Се суредува и просторот околу и во Министерството за правда, каде што беа искршени неколку прозорци.

На вчерашните протести против одлуката на Иванов да ги аболира сите политичари против кои се води предистражна или истражна постапка и за кои има правосилна судска пресуда, неколку лица се приведени. Сè уште не се знае точниот број на повредени демонстранти.

Во полициската акција, повредени беа и еден новинар и еден фоторепортер.